На 72-годишна возраст денеска почина Илија Темелковски, поранешен селектор на ракометната репрезентацијата на Македонија, и човек кој целиот свој работен и животен век го посвети на ракометот. Веста ја потврдија и од Ракометната федерација на Македонија.
„Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски“, стои во објавата на Ракометната федерација.
Погребот на Темелковски ќе биде извршен утре во 11:30 часот во градските гробишта Бутел.
