Почина италијанскиот моден дизајнер Валентино

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани, гигант во модната индустрија и основач на брендот Валентино, почина денес на 93-годишна возраст.

„Тој почина мирно во својата римска резиденција, опкружен со љубовта на своите најблиски“, се вели во соопштението на Фондацијата Валентино Гаравани и Џанкарло Џамети, објави Анса.

Последната почит на дизајнерот ќе му се оддаде во Културниот центар PM23, на улицата Виа Мињанели 23 во Рим, во среда и четврток од 11:00 до 18:00 часот.

Валентино Гаравани беше извонредна фигура во светот на модата, а неговата страст за стил и елеганција се разбуди во неговото детство, кога ги поминуваше попладневните часови играјќи си со ткаенини во продавницата на неговата тетка Роза.

Валентино се пензионираше од активниот дизајн во 2008 година, но неговото влијание врз светот на модата останува силно, а неговите креации сè уште се сметаат за врв на луксузната мода