Почина јапонската принцеза Јурико, сопруга на братот на императорот Хирохито. Принцезата почина на 101-годишна возраст.
Здравјето на принцезата Јурико, која беше и најстариот член на царското семејство, наеднаш се влоши, соопштија од палатата.
Принцезата почина денеска во болница во Токио.
Палатата не ја соопшти официјалната причина за смртта, но јапонските медиуми објавија дека принцезата боледувала од пневмонија.