ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНATA НБА ЅВЕЗДА: Два тима тагуваат за членот на Куќата на славните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Легендарниот НБА кошаркар Честер „Чет“ Вокер почина на 85-годишна возраст. Познатиот кошаркар беше член на Куќата на славните и дури седум пати учествуваше на Ол-стар натпреварите, а постарите љубители на кошарката во САД ќе го паметат како еден од најдобрите играчи на неговата генерација.

Тој пристигна во НБА во 1962 година кога беше избран за 12-ти пик од Сиракуза, тим кој подоцна ќе се пресели во Филаделфија. По седум сезони ја смени дестинацијата и настапуваше за Чикаго Булс, чиј дрес го носеше во следните шест години, до крајот на својата играчка кариера. Вокер беше еден од најдобрите играчи на Чикаго во историјата, а можеби дури и најдобар до појавата на Мајкл Џордан и неговата генерација кои им донесоа слава на Булс.

Со тимот на Филаделфија беше шампион, а во освојувањето на таа титула имаше исклучителен придонес со дури 19,3 поени по меч. Во текот на кариерата тој имаше просек од 18,2 поени, заедно со 7,1 скока и 2,1 асистенции, што се фантастични бројки за крилните играчи од тие години.

„Длабоко сме тажни поради смртта на Чет Вокер, легендарна личност во историјата на нашиот тим. Неговата вештина, посветеност и придонес во играта оставија трајно влијание врз кошарката и градот Чикаго. Нашето искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и Сите кои беа трогнати од неговото наследство, засекогаш ќе останат запаметени како вистинска икона на Чикаго Булс“, се вели меѓу другото во соопштението на клубот.

По неговата кошаркарска кариера, Честер Вокер разви сосема поинаква. Работел како ТВ продуцент, а снимил и неколку документарни филмови за спортисти со темна кожа кои си создале кариери во американскиот спорт.