Почина Лирим Хајредини, оперативен директор на Алсат-М

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лирим Хајредини, оперативен директор на телевизијата Алсат-М, бил пронајден без знаци на живот во утринските часови.

По настанот, на местото излегле полициски екипи и истражители, а телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат околностите за смртта. Хајредини беше дел од Алсат-М 16 години, каде што беше ценет поради неговата посветеност и професионализам.

Погребот ќе се одржи во петок во Тетово.

Во овие болни моменти, Телевизија 21 упатува најискрено сочувство до семејството, пријателите и колегите.