На 67-годишна возраст, почина Марина Туцаковиќ, една од најпознатите текстописци во регионот.
Туцаковиќ напишала бројни хитови на најголемите звезди од музичката сцена во бивша Југославија. Беше членка на жирито на емисиите „Операција триумф“ и „Пинкови звезди“.
Пред три години на Марина и беше дијагностициран тумор на дојка. Претрпе и операција.
Во текот на долгогодишната кариера, напиша илјадници песни на познати пејачи. Некои од најпознатите пејачи на кои им пишуваше песни се Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Индира Радиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас и уште многу други.
