Костадин Икономов – Коце, гитаристот на култните македонски групи „Бис-Без“, „Безимени“ и „Мањифико“, почина вчера на 78-годишна возраст по кусо боледување.
Икономов беше долгогодишен член и на Ревискиот оркестар на МРТ.
Учел средно училиште во Скопје, а студирал медицина по желба на неговата мајка, но никогаш не работел во медицината.
Икономов беше композитор и аранжер. Тој е чичко на Апостол Икономов, пејачот на групата „Меморија“.
ИЗВОР: Сакам да кажам
