Американскиот пилот Чарлс „Чак“ Јегер, почина на 97-годишна возраст, соопшти неговата сопруга, а пренесе „Би-Би-Си“. Тој е првиот човек кој што проби звучниот ѕид.
„Со голема така информирам дека љубовта на мојот живот, генералот Чак Јегер, почина во 9 часот навечер“, напишала Викторија Јегер.
Јегер влезе во историјата во 1947 година откако со својот лет со експерименталниот ракетен авион Bell X-1, стана првиот човек кој леташе побрзо од звукот. После тоа сруши и неколку брзински и висински рекорди кога се во прашање летовите.
Јегер својот подвиг го направил на 24-годишна возраст, летајќи со 1.225 километри на час, на висина од 13.700 метри. Беше тоа храбар потег, бидејќи во тоа време не беше познато дали човек може да преживее пробивање на звучниот ѕид. Јавноста за неговиот подвиг дозна дури една година подоцна, во 1948.
