Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рано наутро во понеделник, политичкиот аналитичар Арсим Зеколи почина на 60-годишна возраст.

Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок.

„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, се наведува во соопштението.

Семејството соопшти дека погребната церемонија ќе се одржи денес во 18:00 часот на гробиштата во селото Блаце.

Арсим Зеколи беше амбасадор на Македонија во организацијата на ОБСЕ во Виена, а е познат и како аналитичар на политички прашања и во Македонија и пошироко.