Почина полицаец од Куманово, се утврдува дали причината е коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Педесет и две годишен пиолициски службеник од Куманово попладнево починал, а се утврдуваат точните причини за смртта.

Градоначалникот, Максим Димитриевски за ТВ21 вели дека има две нови лица попладнево починати и дека кај двете претходно биле направени тестови кои пак биле позитивни на коронавирус.

Од МВР за ТВ21 посочија дека имаат починат колега од Куманово, но повеќе информации најавуваат за во текот на утрешнито ден.

Починатиот полициски службеник работел на новиот граничен премин кон Косово.

Од наши извори дознаваме дека вчера му било утврдено дека е заразен со коронавирус. Ова е прв полицаец кој подлегна на Ковид-19, а погребот поради состојбата најверојатно ќе се изврши без полициските почести за починат припадник на МВР.