Почина поранешниот голман и тренер на Еспањол, Бенито Хонет

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот голман и тренер на Еспањол, Бенито Хоанет почина откако заболел од Ковид-19, јавуваат шпанските медиуми.

Хоанет, кој и без Ковид-19 беше во лоша здравствена состојба со оглед на неодамнешниот мозочен удар, почина на 84 годишна возраст.

Во кариерата, покрај за Еспањол, бранеше и за Депортиво Ла Коруња. Како тренер, пак, работеше во повеќе клубови како Еркулес, Мајорка, Кадиз, Тенерифе, итн.