Почина познатиот италијански дизајнер Чезаре Пачоти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Познатиот италијански дизајнер за обувки, Чезаре Пачоти почина на 67-годишна возраст, објавуваат италијанските медиуми.

Пачоти починал ненадејно во својот дом во Чивитанова Маркe. Според „Раи“ на Пачоти му се слошило, по што неговото семејство кренало паника, и повикала брза помош.

Но, кога дошла медицинската помош веќе било доцна/

Заедно со својата сестра Паола, во осумдесетите години на минатиот век ја презеде занаетчиската работилница за обувки на неговите родители, и ја претвори во симбол за обувки.