Претседателот на Бурунди, Пјер Нкурунзиза почина во понеделник како последица од срцев удар, соопштија од Владата на оваа земја.
„Владата на Бурунди со голема тага соопштува дека неочкувано во болница во Каруза од последица на срцев удар, почина претседателот Пјер Нкурунзиза“, објавија од Владата.
На претседателот му се слошило во саботата навечер и самиот заминал во болница. Во неделата подобро се чувствувал, а во понеделникот ситуацијата нагло му се влошила и починал.
Нкуринзиза, роден во 1964 година, беше претседател на земјата од 2005 година. Неговиот мандат истекуваше во август, кога требаше да ја предаде функцијата на новиот претседател.
