Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владимир Блажев – Панчо, член на познатото македонско музичко дуо ДНК, почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со тешки изгореници и повреди во пожарот што го зафати ноќниот клуб „Пулс“.

Панчо, кој беше единствениот преживеан член на бендот, утрото по несреќата на 16 март беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Неговата сестра тогаш за медиумите изјави дека има изгореници на лицето и рацете, но дека е вон животна опасност.

По првичниот третман, тој беше префрлен во приватна клиника во Скопје, каде што во изминатите месеци продолжи со лекување и беше подложен на неколку сложени операции. И покрај напорите на лекарите, Панчо не успеа да се избори со последиците од повредите.

Од него се простуваат многу пријатели, колеги и обожаватели.

Со неговото заминување, македонската музика изгуби еден од своите најпрепознатливи и највлијателни артисти.