Починатиот волонтер примил вакцина против менингитис, Оксфорд го продолжува тестирањето на вакцина против Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По веста за смртта на волонтер кој примил вакцина за коронавирус, Универзитетот во Оксфорд објави дека тој дури не примил вакцина, туку плацебо, што значи дека тој не починал од последиците на вакцината. Најавено е дека истражувањето за правење на вакцината ќе продолжи.

По смртта на волонтерот, Оксфорд објави дека е дел од контролната група и дека тој примил вакцина против менингитис.

Бразилската здравствена служба „Анвис“ објави дека развојот на вакцината против короната ќе продолжи и покрај тоа што волонтерот починал, пренесува Ројтерс.

„По внимателно проучување на случајот во Бразил, беше откриено дека нема причина за загриженост кога станува збор за безбедноста на клиничкиот развој, а бразилската служба во независна истрага дошла до заклучок дека програмата треба да продолжи“, соопшти Универзитетот во Оксфорд.

Бразилската здравствена служба објави дека волонтер кој примил вакцина за коронавирус, која ја развиваат „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд, починал во третата фаза од клиничкото испитување на вакцината. Федералниот универзитет во Сао Паоло, кој помага во координацијата за време на третото клиничко испитување во Бразил, истакна дека починатиот волонтер е Бразилец.