Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Клиничката болница во Тетово е видно намален, односно за 30%. Според Гезим Нуредини, координатор на Ковид центарот – Тетово, тоа покажува дека интензитетот на вирусот е значително намален и дека заштитните мерки се почитуваат. Додава дека моментално има само 20 хоспитализирани пациенти.
„За среќа, неделава имаме драстично намалување на хоспитализирани и на пациенти кои имаат потреба од преглед или консултации во амбулантата на Ковид центарот. Моментално имаме 20 хоспитализирани пациенти што значи за 20-30% е намален бројот на пациенти. Во амбулантата на Ковид центарот бројката е 20 до 30 пациенти, а пред неколку недели беше 70-80 или повеќе“, посочи Гезим Нуредини.
Според Нуредини, ако граѓаните ги почитувале мерките, со доаѓањето на печалбарите и новогодишните празници, бројот на хоспитализирани ќе биде уште помал.
„Според сегашната состојба, значи дека граѓаните ги почитувале мерките, а замислете да не ги почитувале во каква состојба би биле. Ова покажува дека свесноста кај граѓаните е висока, но не дека сме победиле, туку треба да се продолжи со овие мерки. Сега очекуваме да нема раст бидејќи деновиве ги имавме и посетите на семејствата кои се на Запад, но се надевам дека ние сепак ќе го победиме вирусот“, додава Гезим Нуредини.
Бројот на активни случаи во Тетово е над 700, а од почетокот на пандемијата заразени се вкупно 4.820 лица, а 186 од ја загубиле битката со вирусот.
