Почна чистењето на депонијата во „Охис“ – 60 илјади тони токсичен линдан ќе бидат извезени во Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Багерите и работниците го подготвуваат теренот за  расчистување на најопасната депонија во земјата. Местото е заградено, а насекаде има лоша миризба. Со децении во дворот на поранешната фабриката „Охис“ има околу 60 илјади тони линдан измешан со земја. Планот е малата депонија да се отстрани за една година, а денеска почна подготвителните активности кои подразбираат расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација.

„Откако ќе се тргне горнот слој од нафрлената земја, според податоците што ги имаме околу еден метар и 70 во длабочина, каде се наоѓа закопан линдан и изомерите во бетонски басен. Значи метар и 70 ќе се оди со копањето. После тоа ќе се исчисти, ќе се ископа, ќе се извади бетонот и ќе истражуваме дали ХЦХП пенетрирал во почвата“, вели експерт. 

Со маска и заштитна опрема, министерот за животна средина, Насер Нуредини, заедно со експерти од областа, го посетија местото за да видат одблиску како се движат работите. Го прашавме дали се загрозени граѓаните кои живеат во непосредна близина.

„Целиот период ќе се анализира и воздухот и почвата која ќе се чисти. Се преземат сите мерки за да бидеме сигурни да нема проблеми кон граѓаните. Истовремено имаме кампања со која ќе работиме во зголемување на совеста за тоа како треба да водат грижа во оваа средина додека има активности во Охис“, посочи Насер Нуредини.

Линданот го чисти компанијата „Полиеко“, а според планот се предвидува тој да се извезува во Франција, а во Холандија да се анализира контаминираната почва.

Целосното уништување на линданот и неговите изомери од малата депонија Охис ќе чини 8 милиони евра. Процесот се одвива со финансиска помош на Кралството Норвешка.