Во Тетово почна изградбата на мобилната болница за заразените со Ковид-19. Се предвидува да има 35 легла, ургентна просторија и лабораторија со потребната опрема.
„Објектот ќе има 530 м2, ќе има 35 легла, лабораторија и дел за интензивна и болничка нега за пациентите. Ќе се изгради за кратко време“, истакна Гезим Нуредини.
Последните податоци покажуваат дека бројот на заразени со Ковид-19 во Тетово се намалува. Во моментов хоспитализирани се 33 заразени, од кои двајца се во потешка состојба.
„Имаме намалување на бројот на пациенти, за жал имавме и четири смртни случаи. Дел од хоспитализираните пациенти кои беа во тешка состојба починаа, но поголемиот дел од пациентите се стабилизираат и има и пациенти за кои е потребна рехабилитација во центрите за рехабилитација откако излегуваат од ковид центрите. Што се донесува до хоспитализираните пациенти со Ковид, имаме 33 пациенти“, додава Гезим Нуредини.
Минатата недела во Тетово починаа 4 пациенти од Корона вирус. Нуредини вели дека доаѓањето на печалбарите може да предизвика нов бран на заразени затоа повика да се почитуваат сите мерки и да се избегнат семејните собири!
