Фудбалската федерација на Северна Македонија од денеска ги пушти во продажба влезниците за дуелот меѓу Македонија – Косово од плејоф фазата за пласман на Европското првенство 2020 година. Заинтересираноста на граѓаните за купување на билет во отворениот шалтер од ФФМ во Арена „Тодор Проевски“ е голема.
Граѓаните кои дошле да купат влезница сметаат дека стадионот ќе биде преполн и дека нема да има доволно билети бидејќи има заинтересираноста е голема.
Моментално постои мала веројатност да се откаже натпреварот поради коронавирусот. Од ФФМ велат дека будно ја следат состојбата и доколку е потребно, натпреварот ќе се игра без навивачи.
„До овој момент, не постои ризик за откажување. Постојано се следи состојбата и во случај да се појави нешто, натпреварот ќе се откаже или ќе се игра без навивачи. Во секој случај, ФФМ ќе излезе со став во координација со УЕФА и овдешните институции.“, велат од ФФМ.
Освен во националната арена „Тодор Проевски“ карти можат да се купат и во Гевгелија, Битола, Штип, Струмица и неколку други градови. Едно лице може да купи само една карта и тоа со приложување на документ за идентификација. Билетите за северниот и јужниот дел се 5-6 евра. Натпреварот ќе се игра на 26 март во арената „Тодор Проевски“ во 20:45 часот.