Првата полуфинална вечер на Евровизија штотуку започна.
Овогодинешниот Евровизиски натпревар се одржува во Базел, откако минатата година победи швајцарскиот претставник Немо.
Оваа година се натпреваруваат 37 земји, а вечерва ќе имаме можност да чуеме од 18 претставници, вклучувајќи три земји кои одат директно во финалето – Италија, Шпанија и Швајцарија. Покрај нив, ќе слушнеме песни од претставници на Естонија, Исланд, Полска, Португалија, Словенија, Шведска, Украина, Албанија, Азербејџан, Белгија, Хрватска, Кипар, Холандија, Норвешка и Сан Марино.
Исланд ќе биде првата што ќе ја изведе својата песна, а ова е редоследот на сите вечервашни настапи:
- Исланд
- Полска
- Словенија
- Естонија
- Шпанија
- Украина
- Шведска
- Португалија
- Норвешка
- Белгија
- Италија
- Азербејџан
- Сан Марино
- Албанија
- Холандија
- Хрватска
- Швајцарија
- Кипар
Откако сите претставници ќе завршат со изведувањето на своите песни, ќе следи гласањето и објавувањето на финалистите. Таму се воведени новини, а на екранот истовремено ќе бидат прикажани имињата на три земји, од кои презентерите ќе прочитаат една што оди подалеку.
Ова не значи дека другите двајца се елиминирани, но нивниот статус ќе биде откриен подоцна. Конечно, кога ќе биде објавен последниот, десетти финалист, на екранот ќе бидат прикажани шесте преостанати земји.
Инаку, Македонија веќе три години не учествува на ова натпреварување.
