Почна реализацијата на 6-от економски пакет, компаниите ќе мора да враќаат пари, ако даваат откази

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Почна реализацијата на 6 економски пакет, соопштија Министерот за економија, Крешник Бектеши и Генералниот владин секретар, Мухамед Зекири. 7 јавни повици во рамките на овој пакет се за уметниците и туристичките водичи, индустријата на настани, детските катчиња, угостителите, рестораните за свадби и регистрираните туристички агенции. Основа за поддршка остануваат просечните месечни приходи од 2019 година. Но, освен уметниците и водичите, за да им биде одобрена помош на субјектите, тие треба да исполнуваат посебни услови.

Со овој пакет се цели да се поддржат 10 илјади компании и околу 60 илјади вработени, најави генералниот секретар, Мухамед Зекири, кој упати повик до субјектите да аплицираат.

Што се однесува до туризмот, Министерот за економија повикувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика, изјави дека во 2020 за разлика од 2019 година, бројот на туристи бил намален за 60.5 отсто.