Почна вториот круг гласање од изборите – се преземаат мерки за да се избегнат проблемите со апаратите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Болните, немоќните, лицата заразени со Ковид-19, лицата во самоизолација, затворениците и лицата во притвор имаа можност да го остварат своето гласачко право од 7 часот утрово. Сите беа идентификувани по стариот метод, односно не со биометриски уред, туку со УВ-лампа.

„Според овие категории, право на глас имаат вкупно 5.588 гласачи. Ќе гласаат вкупно 376 лица кои се во карантин или во самоизолација поради Ковид-19. Ова гласање ќе го спроведат посебни одбори, меѓу кои има и медицински персонал и лица кои се пријавени од политичките партии“, истакна Адмир Шабани.

За да не се повторат проблемите од првиот круг со биометриските уреди, ДИК уште еднаш ги обучи претседателите на избирачките одбори околу начинот на користење на терминалите за идентификација преку отпечатоци на прсти.

Гласањето на болните и немоќните, заразените, затворениците и лицата во Домови за стари помина непречено и без проблеми, вели Гугутчевска. Денеска право на глас имаа вкупно 7.657 избирачи. 

На гласачките места во 14 казнено-поправни установи своето гласачко право можеа да го остварат 1.409 гласачи. Во установите за вонсемејно згрижување можеа да гласаат вкупно 266 гласачи, а право на глас имаа и шест внатрешно раселени лица.

За набљудување на вториот круг од локалните избори, ДИК акредитираше 1598 набљудувачи, од кои 1220 домашни и 368 странски, како и 10 странски новинари.