Под германски мониторинг – Димитров и Османи вечерва во Берлин со Захариева

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германија во нов, овој пат директен обид да изнајде компромис меѓу Скопје и Софија околу отворените прашања.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи престојуваат во посета на Берлин каде вечерва ќе имаат средба со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Од Владата потврдија дека Димитров и Османи биле поканети од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот да учествуваат на работен состанок во Берлин.

Целта на разговорите во германскиот главен град е да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство – истакнуваат од Владата.