Под знак прашање државната матура на 27 мај – ДИЦ бара покачување на платите, понудата од 1000 денари, неприфатлива

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Матурскиот испит за матурантите под знак прашање дали ќе се одржи на 27 мај. Ова е предупредување на Синдикатот на Државниот испитен центар бидејќи повеќето работени се во штрајк и поради тоа не можат да постигнат со сите подготовки. Штрајкот се одржува поради барањата за покачување на платите, а Министерството за финансии им понудило покачување од 1000 денари.

Емилија Бошковска од Синдикалната организација на Државниот испитен центар, вели дека оваа понуда за нив е неприфатлива.

Од оваа причина како што вели Бошковска, штрајкот ќе продолжи, а со бројот на вработени кои ги имаат на располагање, одржување на државната матура на 27 мај е речиси невозможно.

Министерот за образование Јетон Шаќири упати апел до Центарот да продолжат со нивните барања но исто така никако да не се загрозува одржувањето на државната матура.

Инаку штрајкот на Државниот испитен центар трае веќе трета недела по ред. Истиот започна на 24 април со поплаки дека платата на некои од вработените изнесува 20 илјади денари. Бошковска соопшти дека до сега не се доставени ниту прашањата за испитот ниту се испечатени потребните материјали. Доколку одложувањето тре повеќе отколку што треба, учениците кои ќе сакаат да студираат надвор од државата, можно е да го пропуштат запишувањето на факултет.