Дедо Мраз со подароци дојде пред Владата. Со себе носеше неколку подароци, две саксии и две кеси кои како што вели Дедо Мраз имаат бело брашно, говорејќи со иронија за еден од советниците во кабинетот на првиот вицепремиер кој пред неколку дена беше разрешен. Дедо Мраз рече дека оваа година овие подароци и ги испраќа на Владата.
„Одлучив да и го донесам ова на Владата, неколку подароци како резултат на нејзината работа во текот на оваа година. Меѓу подароците што ги донесов на владата е и еден килограм бело брашно, чија количина порасна многу во нашата држава како последица на прекрасните советници на оваа влада“, вели Дедо Мраз.
Дедо Мраз потоа додаде дека саксиите се за Премиерот да му бидат во близина кога ќе ја легализира марихуаната.
„Исто така им донесов и неколку домашни производи произведени на плантажите на премиерот и неговите роднини за да им се спремни овде во влада во моментот кога ќе ја легализираат марихуаната, за да ги продадат производите и да ги трујат нашите деца“, посочи Дедо Мраз.
Оваа иронична порака беше во организација на опозициската коалиција АА-ААА, со порака дека се против законот за легализација на марихуаната.
Кога беше запрашан Дедо Мраз дали верува во Дедо Мраз, не сакаше да одговори на прашањето.
„Дедо Мраз, верувате во Дедо Мраз?“
Без прашања…
