Министерството за економија и труд со околу 185.000 евра ќе ги стимулира микро, малите и средните претпријатија, како и занаетчиите. Јавниот повик е веќе отворен и трае до крајот на јуни.
Целта е да им се помогне на домашните компании полесно да инвестираат во модернизација на производството, да ја зголемат продуктивноста и да создадат подобри услови за работа.
„Со оваа мерка ќе се кофинансираат 40 отсто од докажаните трошоци за набавка на нови машини и опрема, но не повеќе од 200.000 денари по апликант. Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година. Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија со мнозински домашен капитал, како и регистрирани занаетчии согласно законските прописи“, изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.
