Поделба на државата на региони – Професори: Идејата можеби е благородна, но и опасна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Базирањето на моделот на Белгија и Северна Ирска за уредување на Северна Македонија, што го анализираат меѓународни експерти ангажирани од ДУИ, за познавачите на политичките прашања, колку е потребно, толку е и опасно. Универзитетскиот професор Мурат Алиу, за ТВ21, вели дека ваквите поделби во Белгија и Ирска се од минатиот век и сега не се поклопуваат со времето. Тие модели не би да ги решиле албанско-македонските проблеми, додава тој, туку ќе ги влошат нивните односи.

„Идејата во принцип може да биде благородна и правична за заштита на легитимитетот на албанскиот глас, нема дискусија. Но моето мислење е дека ова може да се постигне и на други начини и со други методи без да има потреба да предизвикуваме конфликти, инциденти. Јас не сум сигурен дали вреди да влегуваме во ваква опасност и вакви инсталации кога Европа се соочува со војна, во Украина, да се презема таква иницијатива“, вели Мурат Алиу.

Ваквите модели, според професорот Алиу, носат и ризик Албанците да станат уште поизолирани. Тој смета дека ДУИ сега ја отвора оваа тема за да предизвика дебата, за потоа да се најде помалку болно решение. Алиу смета дека најдобро решение би било законот да го регулира начинот на формирање на владата, односно истото да се прави по принципот „победник со победник“.

За универзитетскиот професор Мерсел Биљали овој модул е потребен бидејќи Македонија е мултиетничка држава со уставни и институционални сегменти и слаби фракции. Се вели дека албанските политички партии не биле доволно ангажирани во економијата и тоа сега се одразува на функционирањето на државата.

„И сега се во опозиција и имаат легитимно право да го покренат ова како аспект на визијата како целосно да се врати функционалноста на системот, но потребен е поширок тим од експерти од различни области. Не е лесно да се формулира, уште повеќе кога имаме Устав кој, ако седнат пет експерти кои имаат големи познавања од уставот ќе видат многу големи внатрешни хендикепи и  противречности“, вели Мерсел Биљали.

Инаку, моделот на државно уредување според белгискиот модел предвидува поделба на 3 региони, двата најголеми се делат според јазиците, додека трет регион е главниот град Брисел. Ирска има две полусамоуправни единици, Јужна и Северна. Северниот дел има 6 окрузи, кои повеќе не се користат за потребите на локалната власт, бидејќи во 2015 година беа создадени единаесет области на Северна Ирска.