Поделба на собраниските комисии – останува да се договорат само СДСМ и Алијанса/Алтернатива?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во моментов Собранието е без мнозинството од 62 пратеника. Тоа е така бидејќи пратеникот на ДУИ, Арбен Зибери е хоспитализиран поради корона вирус. Од друга страна се уште никој не го зазел местото на Јагода Шахпаска која е назначена за министер. Заверката на нов пратеник од СДСМ е невозможна бидејќи се уште не е избрана Комисијата за деловничко-мандатни и имунитетни прашања. Дури и да имаше мнозинство од 61 пратеник, Собранието повторно не ќе можеше да функционира бидејќи се уште нема собраниски комисии.

„Според поделбата врз основа на бројот на пратеници, од 8 комисии ќе раководат две парламентарните групи на ВМРО-СДСМ, ние ќе раководиме со 3 комисии, исто така ќе раководиме со Комисијата за Бадентер, значи 4, а албанската опозиција ќе раководи со 2 комисии“, посочи Изет Меџити.

Вчера Меџити рече дека СДСМ и ДУИ се уште не се договориле кој ќе ја добие Комисијата за европски прашања, а кој за образование. Но, интегративците за ТВ21 тврдат дека тие ќе раководат со Комисијата за европски прашања. Освен тоа, од она што го кажа вчера пратеникот Меџити, ДУИ ќе добие уште две други комисии, онаа за уставни прашања која по автоматизам  ќе ја води собранискиот спикер, како и Комисијата за здравство.

• Комисија за уставни прашања

• Комисија за здравство

• Комисија за европски прашања

Што се однесува до комисиите кои ќе и припаднат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Никола Мицевски вели дека се уште не се договориле дефинитивно и дека се надеваат да ги добијат истите комисии од минатиот мандат. Од тоа што успеа да обезбеди ТВ21 како информација, на ДПМНЕ ќе и припаднат:

• Комисија за транспорт, врски и екологија

• Комисија за финансирање и буџет

• Комисија за еднакви можности на жените и мажите

• Комисија за надворешна политика

• Комисија за труд и социјална политика

•Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање

• Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите

• Национален совет за евроинтеграции

Под знак прашалник останува Комисијата која треба да и припадне на коалицијата АА-ААА. Пратеникот Скендер Реџепи потврди за ТВ21 дека се договориле само за Анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, а за втората комисија која треба да им припадне се уште преговараат.

„Ние инсистираме втората комисија да биде  една од трите комисии, култура, образование или здравство, бидејќи сметаме дека можеме да бидеме успешни во менаџирање на таков тип комисии“, посочи Скендер Реџепи.

Доколку се остават под знак прашалник комисијата за образование и таа за култура, бидејќи ДУИ веќе изјавила дека ќе раководи со комисијата за здравство, и според тоа излегува дека СДСМ ќе раководи со:

• Законодавно-правна комисија

• Комисија за одбрана и безбедност

• Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

• Комисија за прашања на изборите и именувањата

• Комисија за економски прашања

• Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

• Комисија за локална самоуправа

• Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Вкупно има 21 собраниска комисија. Со договарање на истите меѓу партиите се очекува истите да се усвојат на собраниска седница.