Од Владата информираат дека подготвени се осумте автобуси со кои сограѓани од Берлин треба да бидат пренесени во задолжителен државен карантин во хотелот „Цар Самоил“ во Струмица, каде ќе бидат во следните 14 дена.

„Со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, обезбедуваме транспорт до хотелот Цар Самуил во Струмица, каде ќе бидат во следните 14 дена во задолжителен државен карантин“, посочуваат од Владата.

