Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен и дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. UV=8
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.
