Подгответе се за жештини: Од утре повторно повисоки температури

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. T=33°C. P=982hPa. U=59%. V=4m/s.

Од утре следува период на сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите.