Поднесе оставка, па стана најбогатиот човек на светот – нов пресврт на врвот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Луѓето од светот на технологијата сè уште доминираат на листата на најбогати.

Мултимилијардерот и бизнисмен Џеф Безос ја поврати титулата на најбогат човек на светот.

Тој го помина Илон Маск, а во моментов вкупната вредност на Безос е 190,3 милијарди долари, додека пак сопственикот на компанијата Тесла е „тежок“ 173.4 милијарди долари.

Третата позиција ја зазема работниот могул од светот на модата Бернард Арнаулт со 157.9 милијарди. На четвртото место е Бил Гејтс со 123.9 милијарди долари, додека пак под ред пет се наоѓа и сопственикот на Фејсбук, Марк Зукенберг со 100 милијарди долари, пренесува Форбд

Основачот на компаниите Neuralink и SpaceX, Илон Маск го престигна Безос минатиот месец, додека тој го престигна Цукерберг уште во септември минатата година.

Пред нешто помалку од две недели, Безос објави оставка од функцијата претседател на Амазон, а неговото место на тронот ќе го заземе сегашниот претседател на одделот за веб-услуги на Амазон, односно Енди Џеси.

Безос ќе остане во таа компанија, ќе работи како извршен директор.

Акциите на Амазон значително се зголемија за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи купувањето преку Интернет значително се зголеми. Во четвртиот квартал на 2020 година, нето-продажбата се зголеми за 44%, или 125,6 милијарди долари. Минатиот август, Безос стана првиот човек чија вредност беше над 200 милијарди долари, додека во 2018 година, тој ја проби границата од 150 милијарди долари.

Благодарение на падот на акциите на Тесла за 2,7%, Безос ја врати титулата најбогат човек на светот. До минатиот месец, првиот човек на Амазон сè уште доминираше на оваа листа од 2017 година.