Поднесена кривична пријава за убиство против 27-годишникот од Росоман кој ја уби својата мајка утрово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерство за внатрешни работи информира дека Основно јавно обвинителство Кавадарци поднело кривична пријава против И.Р. (27) од Росоман, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

Според информациите од СВР Велес, на 30 март 2026 година околу 07:00 часот, во семејниот дом, по претходно нарушени односи, пријавениот со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани во пределот на вратот на неговата 54-годишна мајка. Жената починала на самото место од здобиените повреди.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на Институт за судска медицина Скопје, каде ќе биде извршена обдукција за утврдување на точните причини за смртта.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.