Поднесена пријава бидејќи „Интермецо“ ја отстранило пломбата и продолжило со работа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради симнување или оштетување на службен печат, градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за кафе барот „Интермецо“.

Пред неколку дена беше отстранета пломбата ставена за забрана за работа поради гласна музика, соопштија од Општината.

„Согласно овој член, оној што ќе влезе во ваква просторија или отвори осигурен предмет, се казнува парично или со затвор до три години. Општина Центар, на барање на жителите кои живеат во овој дел од општината, неколку пати претходно го опоменуваше и санкционираше кафе барот ’Интермецо‘ за прекршување на Законот за заштита на животната средина во однос на надминувањето на дозволеното ниво на бучава“, велат од Општината.