Поетесата Искра Донева моли за помош, и треба дом прилагоден на нејзината состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Искра Донева е лице со церебрална парализа која не може без помош ниту прагот од станот да го премине, а секојдневно мора да ги помине овие 17 скали. До пред шест години таа живеела со нејзината мајка која поради болест е сместена во дом за стари лица. Веќе шест години се бори сама, а деновите и ноќите ги минува, како што вели, како што знае и умее. Поради неразрешена оставинска постапка за станот во кој што живее, истиот не може да го прилагоди за нејзините потреби и полесно секојдневно функционирање.

-Работам во град Скопје, во Секторот за меѓународна соработка и соработка со невладини организации. Како викале старите да ми ги чува господ очите, рацете, нозете и умот, со ваков ум јас сум завршила три факултети и вие да треба да чекате од некој друг, да го молиш да ве симнува, да не можеш на лекар да одиш, многу е недостоинствено, вели Искра Донева.

И покрај тоа што нејзиното секојдневие е многу тешко, сепак таа наоѓа радост во малите нешта и искрата за надеж за подорбо утре е секогаш жива.

-Пак да се смеам затоа што јас умеам да кажам дека искарата во мене, се борам за таа искра, со тоа сонценце и тоа никој не може да ми го земе, вели Искра Донева.

Искра од сите хумани луѓе бара да и помогнат во обезбедување достоинствено место за живеење, за неа и во иднина за нејзиното семејство.

-Барам простор од било која форма, или плац каде што можам да го ставам куќичето од соништата, за тоа ќе се најде начин или магацински простор или барем било какво времено решение, ако некој има стан, куќа што е на рамно и кое не го користат, барем за зимата, колку да можам да ги решавам полесно работите, изјави Искра Донева.

Нашиот тим и помогна на Искра да се врати дома, со надеж дека нејзиниот апел ќе допре до срцата на сите хумани луѓе и ќе и се овозможи подостоен живот.