Поглаварот на ИВЗ го осуди нападот во Виена – „Тероризмот нема врска ниту со исламот, ниту со албанството“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжуваат дебатите, коментарите и анализите по нападот во Виена. И Северна Македонија е во фокусот поради тоа што еден од напаѓачите имал и македонско државјанство. Освен терористот, и една од жртвите, 21-годишниот Неџип има потекло од нашата држава, поточно од струшко Велешта. На ова тема во синоќешното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 говореше вршителот на должност поглавар на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху.

„Терористичкиот чин нема никаква врска со исламот, ниту со албанството“, вели Шаќир Фетаху.

Тој додава дека Албанците се познати по меѓуверска толеранција, но дека некој сака да ја уништи таа вредност.

„Сакам да кажам дека ваквите случаи се индивидуални и немаат никаква врска ниту со националната традиција, ниту со нашите начела, а ниту пак со религиозно-исламските начела“, додава Шаќир Хетаху.

Професорот по безбедност, Башким Селмани изјави дека тајните служби „удираат“ врз децата преку верата, бидејќи токму тие се најчувствителната категорија.

„Не е случајно. Ова е добро организирано… Автоматското оружје? Тоа беше српско производство што во иднина ќе гледаме – во ова се верува. Ние не преземаме никаква одговорност како нација. Па терористот уби момче токму од албанската заедница. Ова е друг елемент, но има вмешаност….“, посочи Башким Селмани.

Новинарот Арбен Раткоцери пак, рече дека на Балканот постојат групи кои ги радикализираат младите. 

„Ако земете еден податок – Албанците од Балкан по жител, произведоа најмногу војници за ИСИС“, вели Арбен Раткоцери.  

Фетаху, нападите што се случија во Виена ги оцени како варварски и терористички, кои како што рече, меѓу другото одат во штета на верата и нацијата. Според него, австриската Влада ги држи под контрола тамошните џамии со кои раководат Албанци.