Независната советничка група „Поинаку“ од Битола уште еднаш како што велат тие по институционален пат ќе побараат од Општина Битола субвенционирана струја и донесување на одлука на Совет со која од Владата ќе бара замрзување на цената на струјата.
„Поради превенција од Корона вирусот, мислиме дека не е време да повикуваме на протести и масовни собирања и затоа уште еднаш ќе побараме по институционален пат“, велат од Поинаку.

Во поднесената иницијатива до претседателот на Советот се пишува дека Битола како најголема жртва, не смее и нема да има поскапа цена на струја.
„Битола како најголема жртва во Македонија од производството на електрична енергија не смее и нема да има поскапа цена за електрична енергија. Напротив Битола мора да има субвенционирана струја поради последиците кои ги трпи од РЕК – Битола“, велат од Поинаку.
Двете барање од Поинаку се:
- Советот да донесе заклучок со кој бара од Владата на Република Македонија на првата следна седница да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.
- Советот да донесе заклучок со кој бара Владата на Република Македонија да донесе одлука со која се замрзнува цената на електричната енергија и останува иста како на ден 30.07.2020г. заради настанатата состојба со пандемијата со Ковид 19 и економската криза во која се наоѓаат граѓаните.
