Покачувањето на платите на функционерите на грб на граѓаните?! Адеми: Ако продолжи корупцијата, нема смисла да се покачат платите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Покачувањето на платите на функционерите за високи 78% ќе влијае на демотивација на работниците од другите сектори и во уште масивно заминување на младите од земјава. Вака оценува економистот Висар Адеми кој вели дека Скопје ќе биде преплавено од протести од незадоволните страни кои ќе го искористат случајот за да бараат покачување ба платите. Како што оценува Адеми, не е оправдано ова покачување за функционерите со оглед на тоа што не е намалена корупцијата во земјава.

-Јас верувам дека оние сектори за кои не важи покачувањето, ќе си заминат, а тоа се младите. Вообичаено покачувањето на платите било во јавниот или приватниот сектор е поврзано со продуктивноста на вработените. Сега единствената продуктивност кај на с е намалување на корупцијата. Доколку тие се фокусираа да ја намалат корупцијата и се фокусираа на платите, тогаш е оправдано ова покачување, но доколку корупцијата и натаму е висока, тогаш мислам дека нема смисла за ваква висока плата. Во една држава која е оптоварена со јавен долг и надминува 45% о БДП, верувам дека секое покачување уште толку ќе ја отежни власта.“, рече Адеми.

Освен на функционерите, од март повисоки плати ќе добијат и здравствените работници но не за 78% туку од 5 до 12%, исто така ќе се покачат и пензиите за 8,4%. Покачување бара и секторот Култура од каде веќе една недела протестираат. Но дали државата има финансиски капацитет за сите овие покачувања?

-Има две начини или треба да се поттикне уште повеќе приватниот сектор, да се зголемат давачките и даноците за да можат да се земат пари од сивата економија и овие компании да се интегрираат со формализирање на нивните бизниси или и понатаму да продолжи народот со заеми, бидејќи Македонија создава голема зависност. За една година, електоратот како што сме ние, со претседателките избори, верувам дека уште повеќе ќе се поврза со втората алтернатива бидејќи тие нема да сакат да ги зголемат даноците бидејќи би било непопулистички за една Влада кој сака да добие уште еден мандат.“, изјави Адеми.

Од Влада велат дека се разгледува можноста за намалување на коефициентот за пресметување на платите на назначените лица за кои постои законска можност, со цел да не се оптоварува буџетот. Додаваат дека се работи на колективниот договор и законот за плати, со кој, како што велат, ќе се овозможи системско решение за покачување на платите во земјава. Прашавме во Министерство за финансии, но не добивме одговор.