„Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња“, вели Брнабиќ за испратените вакцини кон Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Северна Македонија и испративме 8.000 вакцини на Фајзер и 40.000 вакцини Спутник В, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва.

Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“.

„Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност“, вели Брнабиќ.

Таа најави дека во Србија утре пристигаат 106.470 вакцини Фајзер и 500.000 Синофарм, додавајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина помошта ќе се дава.