За време на наставата зборуваат за политика, изјавија учениците од Гостивар во синоќешната емисија „Клик Плус“. Бараат образованието да се деполитизира, а директорите на училиштата да не се менуваат често, бидејќи како што велат, тоа оди на штета на учениците.
-Ова што го вели Насер се случуваше секогаш кога имаше избори и кога се менуваа директорите, овие муабети за време на часовите. На пример, на часот по биологија наместо да учиме, ние зборувавме за политика-вели Енис.
Друг ученик од Гостивар рече дека има корупција во средните училишта.
Ученик: Би сакал да го нагласам прашањето за корупција во средните училишта и недостатокот на механизми за надгледување на директорите.
Новинар: -Дали наставниците им земаат пари на учениците за оценки?
Ученик: -Да, тоа е потврдено и преку едно истражување на УСАИД, во кое се вели дека имало случаи кога родител, кој е во партија може да го корумпира професорот и да му понуди нешто за подобра оценка.
Како во Тетово минатата недела, така и учениците од Гостивар се пожалија на недостаток на книги.
-Проблем број еден, кој најмногу ни пречи е немањето книги. Поради овој недостаток, ние треба да ги фотокопираме. Дури поголемиот дел од книгите ги немаме на мајчин јазик, туку само на македонски-вели Аднан.
Емисијата „Клик Плус“, следниот понеделник ќе го посети Куманово за да се запознае со проблемите на учениците од овој град.
