Политиката го зема данокот, нарушена довербата во македонско-бугарските бизнис реалции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога политиката ќе замеша прсти во бизнисот се губи довербата кај бизнисмените ,ова е оценка   на првиот човек на македонско -бугарската комора Зоре Темелковски. Додава дека поради состојбите  и изјавите на политичарите, домашните бизнисмени како и  нивните колеги од Бугарија  ја губат меѓусебната доверба и не сакаат да соработуваат.

„Високи владини советници кои се по кабинетите, партиски војници си го земаа правото во име на владата да ги остваруваат контактите со бизнис заедниците од двете држави и тоа ја поремети довербата меѓу самите бизнисмени, меѓу коморите. Довербата што беше триесет години изградена почна да се нарушува…“, изјави Зоре Темелковскси – почесен претседател на македонско-бугарска комора.

Премиерот Заев негира дека поради ново настанатите односи со Бугарија трпи бизнис секторот, вели дека односите во бизнисот со Бугарија се извонредни .

„Македонско- бугарската комора има одлична соработка од двете страни. Во последната година иако е Ковид година, во поголем дел од месеците имаме 13 бугарски инвестиции и две наши македонски во Бугарија и тоа се барем нотирани во мојот кабинет што е реткост“, изјави Зоран Заев – премиер.

Промената на стратегијата  како од наша  така и од бугарска страна ,   го стесна кругот на комуникација меѓу бизнисмените од двете земји и тоа предизвика намалување на досегашната размена потенцира почесниот претседател на македонско –бугарската стопанска комора. Направи ретроспектива за  динамика на бизнисот во негово време.

„Бидејќи таргетот беше една милијарда евра кога јас дојдов за претседател и ние стасавме до 900 милиони. Но за жал сега имаме околу 600 милиони размена и тоа главно на нафтените и гасот а не во широката  лепеза на потрошувачката. Соработката помеѓу бизнисот беше изградена на висока доверба и политиката не можеше да се инфилтрира со големо значење  се до моментот кога се потпиша новиот договор за соработка“, изјави Зоре Темелковски – почесен претседател на македонско-бугарска комора

Лошо е кога на екраните постојано ги гледаме Захариева и Каракачанов, вели Темелковски.  Според него тие не се личности, за кои, како што вели размислуваат прогресивно и кои можат да ја водат Бугарија во 21 век. Инаку според последните информации,земјава кон Бугарија најмногу извезува храна и пијалаци а увезува горива и хемиски производи. Бугарија важи за петти трговски партнер на земјава. Според податоците на државниот завод за статистика за првите девет месеци, размената меѓу двете земји е во вредност од 531 милиони евра.

https://youtu.be/mE6nlwTBuzc