Полицајците кои вчера беа повредени од млади лица со украден автомобил, се надвор од животна опасност и се во добра здравствена состојба. Од полицијата велат дека настанот се случил кога полицајците се обиделе да ги застанат, но тие не ја испочитувале полициската наредба и се обиделе да ги прегазат полицајците.
„Што се однесува до здравствената состојба на хоспитализираните колеги, за среќа поминале само со телесни повреди и се во стабилна состојба и се здрави. За вчерашниот случај, четири лица, еден 18 годишен и тројца малолетници кои се автомобил кој претходно бил пријавен дека е украден, полицијата по добиената информации веднаш се обидела да ги застане во село Палчиште, каде тие не ги послушале полициските наредби и не застанале. По пат тие оштетиле неколку возила и во Речица се обиделе да застанат каде исто така се обиделе да удрат полициски службеници.“, вели Фатмир Реџепи, портпарол на МВР Тетово.
Според полицијата, овие млади лица се сторители на 6 други кривични дела како тешки кражби, а се сомнева дека имаат извршено и други кривични дела. Сопственикот на локалот што беше оштетен вели дека има голема материјална штета, а вели дека полицијата не требало да ги запира во населено место.
„Има доста штети, прозорите, целиот излог е доста оштетен, столиците, сите саксии. Тие имаа работа само со полицијата, полицијата не требаше таму да ги блокира. Доколку тие имале работа со момчињата знам јас каква е процедурата, полицијата имала и други места каде можела да ги блокира. Полицијата ги блокираше овде. Тие застанале овде бидејќи јас не сум бил тука и тој немал каде да излезе и влегол внатре.“, изјави Зулкан Абази, сопственик на локалот.
Пред неколку дена автомобил на Министерството за земјоделство беше пријавено како украдено, а овие млади лица токму со овој автомобил биле запрени од полицијата.
