Полицијата го расчисти случајот со насилство во Аеродром: Кривични пријави против четири малолетници и пет родители

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата го расчисти случајот со насилството врз 12-годишно девојче во парк во општина Аеродром во Скопје, што се случи на 30 јуни. Според соопштението на МВР, против четири малолетни лица и пет родители се поднесени кривични пријави за различни кривични дела. Две малолетни девојчиња се товарат за кривичното дело „насилство“, додека едно малолетно лице за поттикнување и неовластено снимање, откако дел од присутните го снимале настанот со мобилни телефони. Друго малолетно лице се товари за неовластено снимање. Кривична пријава е поднесена и против родителите на малолетниците за делото „напуштање и злоупотреба на дете“, согласно Кривичниот законик. Истрагата за случајот ја спровеле надлежните единици на МВР во соработка со Скопското јавно обвинителство.