Полицијата и на протест и на должност, генерален штрајк ако нема скалесто зголемување на платите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едни во униформа на должност, други полициски службеници на улица. Заедничкото е како што велат тие барањето за повисока плата.


„Полицаецот никогаш како сега не бил толку уплашен не му било толку страв како моментално. Гледате моментално. Полициските службеници ќе видите дека носат сите различна униформа, носат паницири постари од 30-40 години, носат плочи и шлемови постари од 30-40 години“, вели Орце Коцевски претседател на Синдикатот на полицијата.

Ова е предупредувачки протест. За следниот очекуваат стравот да згасне.


„Тој страв ќе се гасне и храброста на полицискиот службеник наместо таму да обезбедуваат тие ќе бидат тука со нас“, вели Коцевски.

Конфедерација на слободни синдикати бара скалесто зголемување на платите, во спротивно најавуваат генерален штрајк доколку нивните барања за усогласување на нивните платите со минималната плата не бидат исполнети.

Имаше и такви кои дојдоа само за сликање.

ТВ21: Кои се вашите барања?
Не сме за изјави, само за сликање?
ТВ21: Кои се вашите барања, за што сте тука?
Само за сликање.

„Со овој предупредувачки протест повторно му даваме шанса на социјалниот дијалог, се надеваме дека ќе излезат со слух. Решението е едноставно. Владата треба да го покачи бодот за пола саат може тоа да го направи и сите ќе бидат задоволни“, вели Благој Ралповски, претседател на КСС.

Во моментов тие велат дека само на 10% од работниците ќе им се покачи минималната плата. Во средата во Влада беше разгледувано ова прашање но беше постигнат договор.