Полицијата ја пронајде малолетничката во Охрид што се оддалечила од домот, предадена им на родителите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР Охрид.

Од СВР Охрид информираа дека полициски службеници денеска во 12:20 часот, по преземени мерки и активности, ја пронашле малолетничката на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“.

Во содејство со Центарот за социјални работи, таа е предадена на родителите.