Полицијата од засега непознати причини си замина без да влезе во подрумските простории на Градскиот трговски центар за каде имаше најавено дека се поставени т.н. ригови за „копање“ на криптовалути.
Според првичните информации, „копањето“ се вршело на нелегален приклучок на струја.
Пред самиот влез во просториите, како што забележи екипата на ТВ21. поставено е комбе кое на тоа место стои повеќе од една година и е на некој начин маскирано. Неофицијално, во случај на полициска акција, било планирано машините да бидат внесени во комбето со цел да не бидат запленети.
Од надворешниот дел, кај улицата, поставена е и посебна вентилација за исфрлање на топлиот воздух од просториите, а поставени се и посебни камери кои гледаат кон улицата каде што се влегува во просториите.
ТВ 21 ги контактираше Обвинителството и МВР, но засега оттаму велат дека немаат никакви информации.