Полицијата приведе кичевка: Најдена дрога во нејзиниот стан, па при претресот физички нападнала полицаец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници од Полициската станица Кичево синоќа ја лишиле од слобода Љ.М.(26) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Како што соопштија од МВР, при вршење на претресот, Љ.М. физички нападнала полициски службеник.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.