Полицијата соопшти од што почина познатиот пејач Лиам Пејн

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Британскиот пејач Лиам Пејн, поранешен член на One Direction, починал како последица на пад, покажала обдукцијата.

Пејн бил пронајден мртов во дворот на хотел во Буенос Аирес, наводно паднал од третиот кат.

Прелиминарната обдукција покажа дека Пејн (31) претрпел „внатрешно и надворешно крварење“ и „почина како последица од падот“, изјави полициски извор за агенцијата Франс прес.

Пред неговиот пад, полицијата била повикана поради агресивен маж „под дејство на дрога и алкохол кој ја кршел просторијата“. По пристигнувањето на полицијата се слушнала силна бучава, а Пејн бил пронајден во дворот на хотелот, јавува Би-би-си.

Британскиот пејач и текстописец, чие оригинално име е Лиам Џејмс Пејн , е роден на 29 август 1993 година во Вулверхемптон, Велика Британија.

Пејн го имаше своето деби како пејач во 2008 година на аудиција за британското телевизиско шоу „Икс Фактор“.

Откако беше елиминиран во конкуренција, тој повторно се појави на аудиција во 2010 година.

Потоа, заедно со уште четворица млади луѓе, станал член на One Direction, еден од најпродаваните бој-бендови на сите времиња. Заедно со него, групата ја сочинуваа Хари Стајлс , Ниал Хоран и Луис Томлинсон .