Во понеделникот, полицијата во сојузната држава Калифорнија откри речиси 45 тони канабис во складиште во округот Сан Бернардино, соопштија локалните власти. Дрогата, спакувана во вреќи за ѓубре, била пронајдена по дојава од соседите кои пријавиле силен мирис што се ширел од новоизградениот магацин.
Сопственикот на складиштето, како и на дрогата чија пазарна вредност се проценува на над 100 милиони долари, останува непознат.
Иако канабисот е легален во Калифорнија, комерцијалното одгледување и дистрибуција бараат посебна дозвола, која во овој случај најверојатно изостанува. Полицијата продолжува со истрагата за идентификување на сопствениците и организаторите на оваа операција.
