Неколку дена полицијата во Мексико беше во потрага по девет исчезнати студенти. За жал откриени се нивните распарчени тела во напуштен автомобил покрај автопатот. Полицијата до автомобилот пронашла торба со отсечени делови од тела.
Остатоците биле пронајдени во багажник на напуштен автомобил, 282 километри јужно од главниот град Мексико Сити.
Полицијата извести дека на местото на злосторството под церада биле пронајдени пет тела, додека останатите четири биле пронајдени во багажник.
Студентите за првпат беа пријавени за исчезнати на 27. февруари, откако наводно патувале на плажите во Оахака.
Државното обвинителство во Пуебла истражува и започна потера по убијците.
